Нејмар во ПСЖ добива „специјални“ бонуси: По 375.000 евра годишно само за поздрав кон навивачите!

Додека некои клубови редовно ги казнуваат своите фудбалери за недисциплина или за непочитување на тренерот, во ПСЖ имаат поинакви „методи“ за да ги смират своите ѕвезди.

Француските медиуми открија интересни клаузули што ги има Нејмар во договорот со парискиот клуб. Бразилската ѕвезда, на пример има посебен бонус дури и за поздрав со навивачите!

Според оваа клаузула во договорот Нејмар добива дури 375.000 евра годишно само да ги поздрави навивачите пред и после натпреварот.

Но, тоа не е и најнеобичната ставка во договорот на бразилската ѕвезда. Имено, Нејмар има посебен милионски бонус ако не ги критикува одлуките на тренерот. За оваа ставка Бразилецот добива неверојатни 2,5 милиони евра годишно.

Дополнителни два милиони евра, Нејмар може да заработи и доколку биде меѓу трите најдобри фудбалери во изборот за „Златната топка“.

Се вчитува...