Нејмар застана во одбрана на Антони: Само продолжи така, не менувај ништо (ВИДЕО)

Бразилецот Антони го привлече вниманието на спортска јавност, а таквиот тренд се прошири насекаде на социјалните мрежи и дојде до поделени ставови и различни гледишта.

Офанзивецот на Јунајтед доби жестоки критики од англиските аналитичари за една фудбалска финта која ја изведе на мечот со Шериф, односно употребената „вртелешка“ наиде на невкусни коментари од поранешните фудбалери и Пол Сколс го нарече „кловн“.

Антони ја подели јавноста и има голем број фанови со различни ставови, но сепак Бразилците цврсто застанаа во одбрана на својот сонародник, па така по Фред, се јави и Нејмар.

Фудбалерот на ПСЖ му посвети објава на Антони преку социјалните мрежи, охбрабрувајќи го да не ги слуша критичарите и да продолжи со ист стил на игра.

„Продолжи така, не менувај ништо! Оди по тоа момче! Смелост и радост“, изјави Нејмар.

 

Се вчитува...