Нејмар: Зошто би сакал да си одам од ПСЖ?

Бразилскиот фудбалер Нејмар изјави дека е целосно фокусиран на Пари Сен Жермен и дека не му е јасно зошто медиумите цело време го селат во некој друг клуб. Во текот на летниот период тој се поврзуваше со преселба во Барселона, а како опција се споменуваше и Реал Мадрид. Сепак, на крајот тој остана во Париз и вели дека е фокусиран само на клубот за кој во моментов настапува.

„Зошто би сакал да одам? Имам уште две години од договорот. Тимот напредува. Мораме да останеме фокусирани како би ги освоиле сите трофеи сезонава. Секако дека цел е Лигата на шампионите. Повторувам мој приоритет е ПСЖ и сакам да дадам максимум на секој натпревар“, изјави Нејмар. 

Ривал на „светците“ во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе биде Борусија Дортмунд.

Се вчитува...