„Нејпир беше прескап за нас“

Шабаз Нејпир изминатото лето ги промени боите на Олимпија Милано со оние на Црвена Звезда каде се очекува да биде трансферот кој ќе го врати белградскиот тим на врвот на АБА, а ќе има и клучна улога во амбицијата за настап на завршниот турнир во Евролигата.

Американецот имал шанса да остане и во Италија, но барал три пати поголема плата од раководствто на Олимпија Милано, открива претседателот на клубот, Панталео Дел’Орко.

„Сакавме да му го продолжиме договорот на Нејпир ова лето, но тој бараше три пати поголема плата. Беше прескап за нас. Не сакавме да потрошиме толкава сума на пари на еден играч. Тие пари ги вложивме во Миротиќ и покрај тоа што Барселона се уште ја плаќа половина од неговата плата“, изјави Дел’Орко.

Се вчитува...