Бурнемаут го врати дефанзивецот на челси, Нејтан Аке во своите редови за 20 милион фунти, што означува рекорден трансфер на клубот. Холанѓанецот на почетокот на сезоната 2016/17 играше за овој клуб како позајмен играч, но Конте го врати во составот на Челси за време на зимскиот преоден рок. Аке стави потпис на петгодишен договор со „Црешите“.
„Среќен сум што повторно ќе го носам овој дрес. Се чувствував одлично за време на мојата позајмица, сакам повторно да помогнам на тимот да достигнува нови успеси. Челси е феноменален клуб, за време на мојот престој научив многу, но сметам дека оваа преселба ја направив во вистински момент. Навивачите на Бурнемаут се уште го немаат видено најдоброто од мене, со помош на тренерите и соиграчите, можам уште многу да напредувам и да допринесувам за овој клуб“, истакна 22-годишниот бек.
Аке во Челси пристигна на 16 години, како голем талент на Феенорд. За сениорската репрезентација на Холандија има настапил два пати. За Бурнемаут е трето засилување, по Асмир Беговиќ и Џермејн Дефо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА