Серхио Рамос пропушти поголем дел од сезоната поради повреда, а месец дена по неговото враќање на терните повторно го очекува подолго отсуство, пренесуваат француските медиуми. Имено, Шпанецот на последните тренинзи на ПСЖ заработил нова повреда на мускулите по која го очекува подога пауза.
Временскиот период е сеуште непознат, но првичните информации велат дека нема да му биде на располагање на Маурицио Покетино за осминафиналниот натпревар од Лигата на Шампионите против неговиот поранешен клуб, Реал Мадрид.
„Постои повреда, но сеуште не знаеме колкаво ќе биде неговото остуство. Ја следиме ситуацијата од ден во ден и ќе имаме повеќе информации во следниот период“, изјави Покетино.
Рамос пристигна во ПСЖ на почетокот на сезоната откако му истече договорот со Реал Мадрид, но засега искусниот дефанзивец не успеа да му помогне на својот нов клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА