Некогаш беа „главни“ во Мадрид, а сега не знаат за победа на свој терен во ЛШ

Атлетико Мадрид оваа сезона во Лигата на шампионите не игра како во годините кога со леснотија стигнуваше до финалињата, или меѓу најдобрите четири. Четата на Диего Симеоне ниту вчера не успеа да го совлада Манчестер Јунајтед, што значи дека и натаму е без победа на свој терен во елитното натпреварување.

Атлетико седми натпревар по ред не знае за домашен триумф во Лигата на шампионите, а ако испаднат, тоа ќе биде првпат да ја завршат сезоната во ЛШ без победа на свој терен.

Серијата на неуспеси на свој терен почна уште од 2020 година кога Атлетико одигра без победник со Локомотив Москва, а потоа играше 1-1 со Баерн Минхен. Загуби од Челси во 1/8 финалето лани, а оваа година во групата со Порто, Ливерпул и Милан, освоија само бод и тоа против Порто играјќи без голови.

Вчера стигна и ремито со Манчестер Јунајтед, нешто што е невообичаено за екипата предводена од Симеоне.

Се вчитува...