Некогаш беше дерби, сега ПСЖ го прегази Монако

Пари Сен Жермен стигна и до 13.победа од стартот на сезоната во францускиот шампионат. Некогаш дуелите со Монако имаа дерби-аспект и решаваа за титулата, но оваа сезона „светците“ се неприкосновени и славеа со 0-4 на гости.

Единсон Кавани постигна хет – трик. Уругваецот погоди во 4. и во 11.минута, а потоа стрелаше и во 54. Нејмар од пенал десетина минути подоцна го постави конечниот епилог на овој дуел. Монако останува на претпоследната позиција со само седум освоени бода, а ПСЖ има максимални 39.

Се вчитува...