Некогаш беше „феномен“, денеска Роналдо е „дебелко“ (ФОТО)

Роналдо со години наназад важеше за кошмар за фудбалските дефанзивци на терените ширум светот, но по завршувањето на кариерата Бразилецот очигледно не се грижи премногу за својата линија.

Доказ за тоа е и последната фотографија од „феноменот“ од дуелот на ветераните на Реал Мадрид и на Рома што се одигра на „Сантијаго Бернабеу“ пред 67.000 гледачи. Реал славеше со 4-0 со головите на Раул, Мориентес (два) и Фиго. Бразилецот беше „феномен“ со мајсториите на теренот, „феномен“ е и сега, па со над 120 килограми издржа триесетина минути на фудбалскиот храм на Реал Мадрид.

Се вчитува...