Некогаш најдобриот во Евролигата не се снаоѓа во НБА, сега ќе ја напушти Оклахома

Василије Мициќ, некогашниот кошаркар на Ефес и поранешен МВП на Евролигата, не се прослави со НБА кариера. Откако одигра две одлични сезони во Ефес, замина во САД да се проба во најсилната кошаркарска лига. Тој замина во Оклахома, но не се прослави.

Ретко добива шанса да игра, а одигра само на осум натпревари, во просек 12,3 минути на паркерот, и постигнуваше 3,4 поени, 2,8 асистенции.

Мициќ сега е блиску да ја напушти Оклахома, и така ќе стане вториот српски кошаркар кој во рекорден момент ќе ја напушти НБА Лигата, после Филип Петрушев кој се врати во Олимпијакос.

За Мициќ се интересира Чикаго кој бара плејмејкер, но и неколку евролигашки клубови. Тој има тригодишен договорот со клубот, со кој ќе треба да заработи 23,5 милиони долари, но извесно е дека нема да биде повеќе дел од таа екипа.

Се вчитува...