Некогашните ривали, Серхио Рамос и Лионел Меси го почнаа своето пријателство во ПСЖ. Денес дефанзивецот нема никаква сомнеж, ако некогаш за него беше најдобар Кристијано Роналдо, сега целосната поддршка без сомнение ја дава на Лионел Меси.
Серхио не штедеше комплименти за првата ѕвезда на „светците“, па потенцираше дека Лео е н ајдобриот фудбалер
„Меси е уникатен фудбалер. Сите во составот имаме квалитет да го направиме Пари Сен Жермен да биде уште посилен. Што се однесува до ‘Златната топка’ сметам дека ја заслужува Лео, секако дека ќе ги бранам и поддржувам момците во мојот тим. Му ја посакувам сета среќа на светот“, истакна Рамос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА