Некогашниот член на Премиерлигата сега ќе се натпреварува во петта лига

Првпат една екипа која некогаш играла во Премиерлигата, од следната сезона да се натпреварува во петтото по ранг натпреварување во Англија, односно Конференциската лига во оваа земја.

Олдам Атлетик минатата година испадна во Лига 2, четврти ранг на натпреварување, а екипата во првите сезони од основањето на Премиерлигата беше во најсилното друштво.

Од Премиерлигата испаднаа во 1994 година, и одтогаш се немаат вратено никогаш во „елитата“, а сега ќе ги гледаме во петтата по ранг лига во Англија. Инаку станува збор за еден од најстарите клубови во Англија, основан во 1895 година. Клубот имаше доста финансиски проблеми, и на крајот доведе до банкрот.

Со оглед дека само една екипа оди во Лига 2 од петтиот ранг, ќе биде многу тешко овој тим да се врати во повисок ранг.

Се вчитува...