Некогашниот хрватски талент кој беше купен од Барселона, сега ќе игра за Ријека

Ален Халиловиќ, некогашниот голем хрватски талент кој своевремено беше купен од Барселона, потпиша за екипата на Ријека. Играчот од средниот ред во 2014 година беше купен од Барселона за 15 милиони евра од Динамо Загреб. Но, не заигра ниту еден натпревар за „Каталонците“, иако беше најавуван за еден од поголемите таленти.

Следните две години ќе ги мине во Б тимот на Барселона и на позајмица во Спортинг Хихон, а во 2016 година прави перманентен трансфер во Хамбургер. Но, и таму не се прослави, одигтра само шест меча, и беше позајмен во Лас Палмас.

Халиловиќ, сепак, во 2018 година ќе има можност да ја спаси кариерата. Потпишува за Милан, ама погодувате – не одигра ниту еден меч за нив. Беше позајмен во Стандард Лиеж и во Хервенвен. Во 2020 година прави трансфер во Бирминген, заедна годиниа подоцна да игра во Ридинг.

Талентот кој неодамна наполни 26 години, сега ќе има можност да ја оживее кариерата враќајки се во хрватскиот шампионат, иако е далеку од формата која ја имаше во 2013 година, кога заигра и за репрезентацијата на Хрватска.

Се вчитува...