Некогашниот играч на Јунајтед слави со цигара и алкохол сред терен (ВИДЕО)

Фудбалерот на Бока Јуниорс, Маркос Рохо е познат по своето специфично однесување, а не се откажа од него и по напуштањето на Европа и враќањето во Аргентина. Неговиот клуб по победата над Тигре, го освои пехарот во Купот на Аргентина, откако победи со 3-0 во финалето.

Токму Рохо беше стрелец на водечкиот гол за Бока во надополнувањето за првиот дел.

На крајот на натпреварот играчите на Бока се опуштија и славеа, а најмногу на славјето се предаде Рохо кој што седна на теренот, запали цигара а потоа отвори и лименка пиво.

Се вчитува...