Некогашен шампион на Македонија во моментов е најлошиот тим во Европа!

Екипата на Шкупи загуби уште еден натпревар во ПМФЛ. Денеска чаирската екипа загуби од Пелистер со 3-0, и така остана само со еден бод „закована“ на дното на табелата во ПМФЛ.

Воедно, чаирската екипа е најлошиот тим во Европа. Со само еден освоен бод е само екипата на Енозис од Кипар, но овој тим има нешто подобра гол разлика од „сините“ од Чаир.

Во првенството на Сан Марино, тимот на Мурата има -2 бодови, но на оваа екипа и беа одземени девет бодови, па затоа ова е најслабиот тим во моментов, но тој барем има една победа и четири ремија.

Шкупи има само еден нерешен резултат, против Работнички како домаќин. Останатите сите им се порази, со десет дадени голови и дури 39 примени, односно е тим со најмалку дадени и најмногу примени голови во ПМФЛ.

Се вчитува...