„Некои луѓе навистина се заслепени, тешко е да не му се воодушевуваш на Ноле“

Поранешниот тренер на Енди Мареј, Марк Пичи смета дека сите искрени љубители на тенисот мора да го поддржат Новак Ѓоковиќ во походот на календарскиот слам.

„Некои навивачи се заслепени. Кога би се ставиле на местото на Новак и што се има жртвувано за да стигне таму каде што е тоа е неверојатно. Поштено е да се каже дека тој е најдобар тенисер во својата генерација, па видете го меѓусебниот скор. Тешко ми е тоа да не го почитувам и да не се воодушевувам на тоа, да не станам и да го поздрав со силен аплауз“, изјави Пичи. 

 

Се вчитува...