„Некои нови клинци“ – Мбапе и Халанд доминираат во Европа, Роналдо и Меси се подготвуваат за пензија (ФОТО)

Промената на генерации во светскиот фудбал е се поблиску, а тоа го покажуваат и првите четири натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. Вчера свое шоу прво имаше Килијан Мбапе кој со три гола самиот ја реши Барселона во која Лионел Меси не одигра ништо посебно, а голот што го постигна беше од пенал.

Денеска свое шоу приреди Ерлинг Халанд кој во триумфот на неговата Борусија Дортмунд на гости кај Севилја од 2-3, постигна два гола и забележа една асистенција. Од друга страна Кристијано Роналдо не се запиша во листата на стрелците во поразот на неговиот Јувентус на гостувањето кај Порто од 2-1.

Дали Халанд и Мбапе се подготвени да го преземат приматот за најдобри од Роналдо и Меси, или пак искусните стари лисци се уште не го кажале последниот збор, останува да видиме во продолжението од Лигата на шампионите.

 

Се вчитува...