Некоја нова Македонија: Без Пандев…, а со Младеновски, Тошевски, Костадинов против Австријците

ЕКИПА во Виена,

Никола Ѓуровски

Бројните проблеми со повредени и суспендирани фудбалери го принудија македонскиот селектор Игор Ангеловски со комплетно нов почетен тим, во однос на претходните натпревари, да стартува против Австрија во квалификацискиот натпревар на „Ернст Хапел“ вечерва од 20:45 часот во Виена.

И дефинитивно Македонија ќе биде без капитенот Горан Пандев, а во стартниот состав ќе има шанса за тројца млади фудбалери, дефанзивецот на Вардар, Марио Младеновски, како и Тошевски кој ќе игра на десната бековска позиција, а во средниот ред ќе биде Тихомир Костадинов.

Во нападот ќе бидат Елиф Елмас и Александар Трајковски, а веднаш зад нив Енис Барди…

 

Се вчитува...