Некоја нова – подмладена Македонија (фотогалерија)

Ракометната репрезентација на Македонија со денешниот прв собир ги почна подготовките за СП 2019 и предизвиците што за помалку од 20 дена ќе ги очекуваат Кире Лазаров и соиграчите во Минхен, на дуелите со Јапонија, Бахреин, Хрватска, Шпанија и со Исланд.

Подмладувањето е очигледно и на прв поглед, младите играчи кои во претходните години тропаа на вратата на сениорскиот тим сега ја добија шансата да се борат за место во мундијалскиот состав.

Селекторот Раул Гонзалес утре пристигнува во Скопје, по што почнува и битката за секое место на списокот на финални патници за Минхен. Желба и мотивација дефинитивно не недостига, а со склопот на искуство, квалитет и потенцијалот што го поседуваат помладите, Македонија може да ја мине првата мундијалска рунда.

Се вчитува...