Нелоски повторно се повреди, го чека нова пауза?

Македонскиот ракометар Марко Нелоски кој настапува за германскиот второлигаш Кобург, се повреди на дуелот со Балинген на кој неговиот тим загуби во гости (27-22).  Се работи за повреда на коленото, но според информациите од клубот засега се уште не се знае колку е сериозна повредат и колкава пауза го очекува македонскиот бек.

Нелоски настрада во првиот дел од натпреварот, во директен дуел со еден од противничките играчи.

„Марко отиде еден на еден, ја заврши акцијата, но тогаш беше турнат, доби удар. Коленото „се лизна“, мора да видиме што е “ – изјави тренерот на Кобург, Јан  Гор.

Марко Нелоски на почетокот од оваа сезона од Металург се пресели во редовите на Кобург и имаша успешни настапи за германскиот состав во првиот дел од сеозната. Но пехот со повредите, ни овој пат не го одмина македонскиот репрезентативец. Нелоски и претходно во дресот на Металург на неколку пати имаше принудни паузи поради проблеми со повредите на коленото.

Се вчитува...