Нема да има намалување на бројот на странци во Суперлигата

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија, реши да го прифати барањето на двата најдобри клуба Вардар и Пелистер, да не се намали бројот на дозволени странски играчи по натпревар, во домашната Суперлига.

Иако беше планирано од постојните осум, за следната сезона бројот на странци да изнесува шест, сепак РФМ реши да ја укине одлуката. Тоа значи дека во следната сезона, екпите ќе смеат во својот состав да имаат до осум странци на еден натпревар.

„Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија донесе Одлука по пристигнато барање од РК Еурофарм Пелистер и РК Вардар 1961 за бројот на странски играчи да остане непроменет односно како и во тековната сезона 2021/22.

УО на РФМ постапи согласно Член 35 од Статутот поради итност на донесување на одлуки согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) и го усвои предметното барање.

За натпреварувачката сезона 2022/23 при системот на натпревари при РФМ бројот на странци ќе изнесува 8 (осум), од кои 5 (пет) имаат обврска да се репрезентативци во своите национални селекции во било која категорија, а останатите 3 (три) по произволен избор на клубовите од кои се ангажирани.

Со почит, Ракометна Федерација на Македонија“, стои во соопшштението на РФМ. 

Се вчитува...