Нема дерби без судиска грешка: ВАР го „премолче“ пеналот за Борусија

Борусија Дортмунд претрпе пораз на домашен терен од Баерн Минхен со кој најверојатно ја загуби и трката за титулата, но „милионерите“ покрај во својата слаба игра вината за неуспехот ќе ја побараат и кај судиите на денешното големо дерби.

Халанд се најде во одлична ситуација и шутираше прецизно, топката на патот кон голот го закачи Боатенг, а повторените снимки јасно покажуваат дека дефанзивецот на Баерн играше недозволено бидејќи раката не му беше во природна положба. Главниот судија не забележа што се случи, но изненадување е што не реагираа ниту ВАР-арбитрите, кои на ваков начин му помогнаа на Баерн да ја задржи предноста до самиот крај на дербито.

Се вчитува...