Нема договор меѓу Нагелсман и ПСЖ

Јулијан Нагелсман нема да го презеде кормилото на ПСЖ, објави „Л’Екип“. Според изданието, двете страни не успеале да се договорат, и се откажале од соработка.

ПСЖ и натаму му нема официјално му нема дадено отказ на Галтие, а францускиот првак сака до крајот на идната недела да го официјализира тренерот.

Во моментов нема изразит фаворит за клупата на „светците“, откако претходно пропадна можноста Луис Енрике да го презеде кормилото на овој тим. Се споменуваше и Зинедин Зидан, но тој нема намера да седне на клупата на ПСЖ, додека во последните денови се помалку се споменува и името на Жозе Мурињо.

Се вчитува...