Нема финале за Ристовска: Ќе игра за бронза во Лигата на шампионите

Македонската репрезентативка Сара Ристовска не успеа со ЦСКА Москва да се пласира во финалето на Лигата на шампионите. Во полуфиналната пресметка рускиот шампион загуби од Виперс Кристиансанд (33-30) и ќе игра за бронзата во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Норвежанките доминираа на мечот кој беше израмнет само во првите 15 минути до 9-10. Во победничкиот тим најдобра беше Рејштад, пред Мерк и Локе со по четири гола, додека кај ЦСКА Москва, Ведекина имаше седум гола. Сара Ристовска полуфиналето го заврши со еден постигнат погодок.

ЦСКА Москва за бронзата ќе игра против унгарски Ѓер, додека во финалето Виперс ќе игра со Брест.

Се вчитува...