Нема голови на „Арената“ – Работнички не реализираше зицер и пенал, поништен гол на Скопје (ВИДЕО)

Нема голови по првиот дел на Националната Арена Тодор Проески во Скопје на дуелот Работнички – Скопје. И тоа благодарение на утката на Тантуровски, и потоа на Андреја Ефремов кој одбрани пенал.

Во 11. минута по проигрување од Марио Станковски, не успеа да реализира во празната мрежа. Во 30. минута досуден пенал направен над Станковски, а самиот тој шутираше, но Ефремов му го одбрани.

Инаку Скопје во првите 10 минути беше поопасен противник, но потоа иницијативата ја превзеде Работнички и доминираше.

„Пиратите“ останаа без Христијан Кировски кој мораше да излезе поради повреда. Скопје погоди преку Бајано во финишот, но беше поништен поради офсајд.

Се вчитува...