Нема казна за Барселона, Леванте прекасно се жалел

Барселона нема да биде дисквалификувана од Купот на Шпанија. Нивниот фудбалер Хуан Чуми не смееше да настапи против Леванте на првиот осминафинален натпревар, но каталонскиот клуб нема да биде казнет поради тоа и ќе го продолжи натпреварувањето во четвртфиналето каде ги чека Севилја.

Судијката Кармен Перез од шпанскиот фудбалски сојуз одлучи дека нема да се отвори случај „Чуми“ затоа што Леванте прекасно ги доставил доказите. Банално, но вистинито! Клубот од Валенсија на терен загуби од Барселона, па се обиде да победи на „зелена маса“, но не му успеа.

За Леванте постои можност за жалба на оваа одлука, но јасно е дека е се подалеку од настапот во четвртфиналето од кралскиот куп за кое веќе се извлечени двојките: Реал Мадрид – Џирона, Гетафе – Валенсија, Еспањол – Бетис и Севилја – Барселона.

Се вчитува...