Нема казна за Хари Кејн!

Навивачите на Тотенхем можат да здивнат – Хари Кејн нема да биде казнет за инцидентот на лондонското дерби со Челси, кога голгетерот на „спарси“ влезе во конфликт со противничкиот капитен Цезар Азпиликуета.

Стануваше збор за туркање со глави при кое се чинеше дека англискиот репрезентативец го удира играчот на Челси, но Кејн се спаси бидејќи беше утврдено дека главниот судија Андре Маринер за време на целиот конфликт ја следел ситуацијата.

Согласно правилата на ФА, фудбалер може да биде казнет по прегледување на видео-снимка само доколку инцидентот не е забележан од арбитрите, па бидејќи тоа не беше случај на лондонското дерби, Кејн ќе мине без никаква санкција. Ова значи дека Хари Кејн ќе може да го предводи нападот на големото лондонско дерби против Арсенал викендов, во обид Тотенхем да ја прекине црната серија од два премиерлигашки порази.

Се вчитува...