Нема Конференциска лига за Миовски и за Ренџерс – елиминирани по пеналите од Јаблонец

Нема Конференциска лига за македонскиот репрезентативец Бојан Миовски и неговиот Ренџерс, откако доживеаја елиминација од чешки Јаблонец во финалниот плеј-оф квалификациски натпревар.

На гостувањето во Јаблонец, Ренџерс загуби со 1-0, идентично колку што победи на првиот меч во Глазгов, па се премина на изведување на пенали за да се одлучи патникот во групната фаза.

А, по пеналите Јаблонец беше подобар победувајќи со 4-3. Бојан Миовски, кој во игра влезе во 106. минута од продолженијата на дуелот, беше успешен во втората серија од пенал-рулетот.

Но, место во групната фаза од Конференциската лига обезбеди швајцарски Лугано на Езгијан Алиоски, кој ремизираше (1-1) на гостувањето против Макаби Тел Авив, што беше доволно за место во групната фаза.

Се вчитува...