Нема крај на агонијата за Јунајтед, „истанбулски срам“ за Манчестер (ВИДЕО)

Продолжуваат проблемите за Оле Гунар Солскјер и Манчестер Јунајтед. По поразот минатиот викенд во премиер-лигата од Арсенал, следуваше нов шок на гостувањето во Истанбул кај Башакшехир. Домаќините брзо стигнаа до водство од 2-0 со головите на Демба Ба и Вишча, а до крајот на првото полувреме Марсијал намали на 2-1. И покрај големиот посед во второто полувреме „црвените-ѓаволи“ не успеаја посериозно да го загрозат голот на Башакшехир, па мораа да запишат нов пораз.

Во вториот меч од програмата од 18:55 во Санкт Петерсбург, Зенит го Лацио одиграа без победник 1-1. Домаќините поведоа преку Ерокин во 32. минута, додека конечните 1-1 ги постави Каиседо во 82. минута.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...