Нема крај на хаосите во Франција: Нов судир на навивачите со полиција, запалена мрежи на голови, повредени фудбалери… (ВИДЕО/ФОТО)

Нема крај на хаосите на фудбалските терен во Франција предизвикани од навивачите.

Сега натпреварот на Сент Етјен во Лига 1 не се одржа поради домашните навивачи кои на терен исфрлија бројни пиротехнички материјали револтирани од лошите игри на својот тим. Најзагреаните навивачи се впуштија во судир и со полицијата, а нередите ескалираа со палење на мрежите од головите и напад со тврди предмети кон фудбалерите.

Не е првпат навивачите во Франција да приредуваат хаос. Лига 1 постојано дели казни за клубовите, но казните очигледно ништо не значат.

За неделното дерби меѓу Марсеј и ПСЖ, како што информираат француските медиуми, се преземаат дополнителни мерки за безбедност.

Се вчитува...