Нема крај на „лудориите“ на Балотели: Со нога удри соиграч во глава по прослава на гол (ВИДЕО)

Италијанскиот напаѓач одново се најде во центарот на вниманието на медиумите, овој пат по невобичеаната реакција кон негов соиграч за време на прослава на гол во дуелот со Галатасарај.

Имено, Балотели го удри Јунус Акгун, стрелецот на двата гола. Тој во 53. минута додека славеше водство, го удри со нога во главата.

Балотели играше 73 минути по што ја напушти играта. Тој е прв стрелец во екипата со шест гола, но и убедливо прв со најмногу жолти картони, вкупно седум на 17 натпревари.

Се вчитува...