Нема крај на „малерите“ за Клоп – Уште една ѕвезда на Ливерпул заработи тешка повреда

Нема крај на „малерите“ за Јирген Клоп во новата сезона. По тешката повреда на Вирџил ван Дајк поради која најверојатно ќе го пропушти остатокот од сезоната, на мечот против Митјиланд се повреди и бразилскиот интернационалец Фабињо. Фабињо го напушти теренот во 30. минута, а на негово место влезе младиот Рајс Вилијамс.

Иако Ван Дајк е најзвучното име во таборот на „црвените“ кое е надвор од терените Клоп поради повреда не може да смета ниту на Тијаго Алкантара, Наби Кеита и Окслеј Чембрлејн.

Се вчитува...