Доминик Ливаковиќ летниот преоден рок го искористи за трансфер во Џирона каде се уште го чека своето деби. Хрватскиот голман не настапи за шпанскиот тим во досегашниот дел од првенството, а и покрај тоа што дебито се очекуваше за Куп натпревар против петолигашот Констанса, тоа нема да биде случајот.
Тренерот на Џирона, Мишел потврди дека голманот на хрватската репрезентација нема да биде дел од утрешниот натпревар поради повреда на грбот.
„Ливаковиќ има проблеми со грбот, нема да игра утре“, изјави шпанскиот стратег на пресконференцијата за медиуми.
Ливаковиќ замина од Фенербахче на позајмица со цел да биде подготвен за настапот на Светското првенство во 2026 година, но засега планот не се одвива како што замилуваше.
Со оглед на препозициите на ФИФА, еден фудбалер не може да биде регистриран за настап за три клубови во една сезона, а со оглед на тоа што Ливаковиќ веќе настапи во два натпревари за Фенербахче, единствената шанса мора да ја бара во Џирона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

