Нема крај на проблемите на Жељко Обрадовиќ

Фенербахче игра очајно, никако не успева да врзе две добри партии во Евролигата, а згора на тоа Жељко Обрадовиќ не може да крене глава од проблеми со повредените кошаркари. Така, турскиот гигант тргна на мини-турнеа со оглед на двете врзани гостувања против Барселона и Асвел, но Обрадовиќ за овие две средби нема да може да смета на Нандо де Коло и на Лео Вестерман.

Францускиот бек се повреди на претходниот дуел со Баерн и потоа не настапи против ЦСКА Москва, додека Вестерман поради проблем со мускулот исто така нема да му биде на располагање на Обрадовиќ.

Фенербахче е најголемо разочарување на стартот од Евролигата, откако поранешниот европски првак во првите осум кола забележа само две победи.

Се вчитува...