Нема крај на проблемите за Обрадовиќ – Весели нов на листата повредени во Фенербахче

Чешкиот кошаркар Јан Весели заработи тешка повреда на десното колено поради која го чека долга пауза од терените, потврдија од Фенербахче. Турскиот клуб излезе со соопштение во кое наведуваат дека Весели доживеал скршеница на тибијалната коска на десното колено.

Кошаркарот ќе работи индивидуални тренинзи во процесот на рехабилитација и се уште не е познато неговото враќање на терените. Во евролигата сезонава чешкиот интернационалец просечно бележеше по 7,6 поени по натпревар.

 

Се вчитува...