Нема крај за проблемите на Барселона – На списокот на повредени уште две ѕвезди

Нема крај за проблемите на Барселона во новата сезона. Откако доживеаја бламажа на вчерашниот меч против Баерн Минхен од 0-3, нова лоша вест за Роналд Куман е повредите на уште двајца клучни првотимци.

Се работи за Жорди Алба и Педри. И двајцата фудбалери се соочуваат со повреда на мусклуот на ногата. Тие најверојатно ќе бидат надвор од терените во следниот период. Покрај шпанскиот тандем на листата на повредени кај Каталонците се и Серхио Агуеро, Мартин Бретвајт, Усмана Дембеле и Ансу Фати.

Се вчитува...