Нема лабаво кај Ѓоре Јовановски: Прозивка во 7 часот наутро, три тренинзи од првиот ден

Македонскиот прволигаш Работнички утре ги почнува летните подготовки за настап во квалификациите за Лигата на Европа и домашните предизвици во следната сезона. „Романтичарите“ веднаш ги очекува пеколно темпо на работа. Тренерот Ѓоре Јовановски ја закажа првата прозивка на тимот за 7 часот наутро, а половина час подоцна ќе биде одржан и првиот тренинг, футинг.

Во 11.30 часот ќе следи вториот тренинг во сала за кревање товар, а третиот ќе се одржи од 19 часот на помошното игралиште во сопствената база.

„Не очекуваат големи предизвици, настап на европската сцена и треба соодветно да се подготвиме. Веднаш почнуваме со напорна работа“, истакна шефот на стручниот штаб, Ѓоре Јовановски, за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...