„Нема некоја филозофија, се знае дека победникот на УС Опен ќе се бара меѓу Ѓоковиќ и Алкараз“

Поранешниот шампион на УС Опен, Патрик Рафтер нема дилеми кога е во прашање кој ќе игра во финалето на годинашниот грандслем турнир во Њујорк.

Австралиецот вели дека првите два играчи на светот, Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ се без конкуренција убедливи фаворити во однос на сите други.

„Новак секако ќе биде повторно на врвот на светската листа. Знаеме дека е еден од најдобрите на сите времиња, заедно со Рафа и Роџер. Сепак, стигнуваат годините а Алкараз е навистина голем ривал“ – вели Рафтер, и дополнува:

„Факт е дека тие двајца отскокнуваат во однос на останатите. Има уште неколку момчиња кои доаѓаат, но не се на тоа ниво. Шампионот на УС Опен сите знаат дека ќе се бара меѓу Ѓоковиќ и Алкараз“.

Се вчитува...