Во Борусија Дортмунд се се повеќе убедени дека ќе го задржат Џејдон Санчо и следната сезона со оглед дека клубот и натаму нема конкретни понуди за младиот англиски репрезентативец. Тој е најсилно поврзуван со Манчестер Јунајтед. Менаџерот Оле Гунар Солскјер вчера остана на позицијата дека не го отфрла можниот трансфер на Санчо, но беше релативно воздржан.
Затоа пак Јирген Клоп беше јасен дека „црвениот“ дрес многу добро би му стоел на Санчо, но оти смета дека таков трансфер летово нема да се случи. За англискиот репрезентативец е заинтересиран и Челси. Вредноста на трансферот на Санчо би бил околу 100 милиони фунти, се очекува на висината да не влијае кризата поради коронавирусот.
Од Борусија Дортмунд велат дека се убедени дека Санчо ќе го имаат и во следната сезона и оти се радуваат на квалитетот што тој го носи во тимот и разликата што ја прави и потврдуваат дека во клубот не е пристигната ниту една понуда за играчот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА