Нема опуштено… И во Алборг да се потврди дека ништо не е случајно (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската репрезентација по извонредната ракометна ноќ и големата победа над светскиот шампион Данска, вечерва повторно се врати на тренинзите како што поподготвено би се дочекал и реваншот со Данците во недела во Алборг.

Нема опуштено… Желбата на Кирил Лазаров и неговите избраници е и во Алборг да се потврди дека ништо од Скопје не беше случајно, без разлика каков на крајот ќе биде резултатот од неделното гостување. Па, токму во таа насока беше и односот на денешниот тренинг, иако повеќе релаксирачки низ максимално позитивна атмосфера по вчерашната игра од соништата…

 

Се вчитува...