Нема пари… Вардар против Шкупи не на „Филип Втори“, туку во Маџари!

Вардар својот натпревар од 5. коло во Првата македонска фудбалска лига, овој пат против Шкупи, повторно ќе го игра како домаќин на „Борис Трајковски“ во Маџари, а не како што претходно беше објавено дека дуелот ќе биде на националната арена „Филип Втори“.

Финансиската криза која владее во најтрофејниот македонски клуб е причината поради бегството на „вардарци“ од својот стадион. Сергеј Самсоненко е во заминување од клубот а, како што е познато, до крајот на годината со чисти сметки треба да го врати ФК Вардар на Град Скопје. Но, до тогаш очигледно е дека обидите се трошоците да се сведат на минимум поради што е најверојатно и насочувањето на натпреварите на стадионот во Маџари каде „црвено-црните“ го одиграа и единствениот дуел досега како домаќини во првенството против Македонија ЃП кога славеа со 1-0.

Согласно најавите, Вардар на „Борис Трајковски“ ќе го игра и првиот натпревар од осминафиналето во Купот на Македонија против Македонија ЃП на 19. септември.

Се вчитува...