Нема Премиер – лига за Алиоски и Лидс: Дерби ги шокираше и ќе игра на „Вембли“ против Астон Вила

Крај на сонот на Езгјан Алиоски и на Лидс Јунајтед дека следната сезона ќе бидат дел од Премиер – лигата. Лидс Јунајтед е елиминиран од Дерби во полуфиналето на плејофот, откако загуби на домашен терен со 2-4. Тимот на македонскиот репрезентативец имаше предност (0-1) од првиот меч на гости, а Алиоски не можеше да помогне поради повреда. Тој неодамна имаше операција на менискусот на коленото.

Лидс Јунајтед поведе со голот на Далас во 24.минута, но дозволи Дерби да израмни пред полувремето. Во вториот дел Моунт и Вилсон од пенал зголемија на 1-3, Далас повторно го врати Лидс во игра, но Мериот во 85.минута го трасираше патот на Дерби кон финалето на „Вембли“, каде Дерби ќе ги одмери силите со Астон Вила.

Се вчитува...