Нема промени на АТП листата – Ѓоковиќ неприкосновен на врвот

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ ја започна 326. недела на врвот на АТП-листата, а пласманот на врвот остана ист како и пред седум дена, откако Србинот успеа да го освои Ролан Гарос.

Новак останува прв со 12.113 поени, додека зад него е разнишаниот Русин Данил Медеведев со 10.053, Русинот се наоѓа во период од сезоната кога не игра на препознатливо ниво.

Пласманот остана ист и во оваа недела пред Вимблдон кога станува збор за пласман на тенисерите во ТОП-10. Рафаел Надал е на третото место, а го следат Стефанос Циципас, Доминик Тим, Александар Зверев, Андреј Рубљев, Роџер Федерер, Матео Беретини и Роберто Баутиста Агут.

Се вчитува...