Нема промени на АТП листата – Новак неприкосновен на врвот

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја минува 316. недела на врвот на АТП-листата. Најдобриот тенисер на светот има 11.963 поени. На второ место е Русинот Данил Медведев со 10.030, а на третото е Шпанецот Рафаел Надал со 9.670.

Нема промена во Топ 10. Доминик Тим е на четвртата позиција, а го следат Стефанос Циципас, Александар Зверев, Роџер Федерер, Андреј Рублев, Диего Шварцман и Матео Беретини.

Шампионот на турнирот во Марбелја, Пабло Карењо Буста се проби на 12-тото место, а голем напредок постигна и победникот на натпреварувањето во Каљари, Лоренцо Сонего, кој сега е 28-ми.

Најдобрите тенисери во светот оваа недела ќе стартуваат нов предизвик, а фановите ќе можат да уживаат во нивните мајстории на мастерсот во Монте Карло.

Се вчитува...