Нема промени на АТП листата – Новак неприкосновен, Србинот ја започна 319-та недела на врвот

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ ја започна 319-та недела на врвот на АТП-листата. Пред два месеци, Србинот стана рекордер по бројот на недели кога станува збор за машка конкуренција.

Ако ја сметаме и ВТА, оваа недела Новак стигна до Серена Вилијамс на третата позиција на вечната листа. Пред него сега се само Мартина Навратилова со 332 недели и Стефи Граф, која е неприкосновена во светот на тенисот со 377.

Кога станува збор за моменталната состојба на АТП, Ѓоковиќ е лидер со 11.963. На второ место е Рафаел Надал со 9.810, трет е Данил Медведев со 9.700, а четврти е Доминик Тим со 8.365 поени. Потоа следуваат Стефанос Циципас, Александар Зверев, Андреј Рублев, Роџер Федерер, Диего Шварцман и Матео Беретини на десеттата позиција.

Се вчитува...