Нема шанси за полуфинале за Македонија: Словачка убедлива со Шведска

Теоретските шанси за нашата младинска селекција со победа над Португалија да остане во игра за полуфинале на ЕП дефинитивно исчезнаа откако Словачка вечерва славеше со убедливи 3-0 над Шведска. Со тоа Словаците го елиминираа бранителот на трофејот, воедно и стигнаа до шест бода како второпласирана репрезентација, па Македонија и во случај на победа утре би имала четири бода, недоволно за да се остане во игра за полуфиналето.

Словаците одиграа фантастичен натпревар и поведоа веќе во 5. минута преку Криен, кон средината на првото полувреме на 2-0 зголеми Михалик, додека конечните 3-0 беа дело на Сатка во 73. минута. Оваа репрезентација утре ќе навива за Македонија, бидејќи за Словачка да остане пред Португалија во трката за најдобра второпласирана селекција ќе биде неопходно нашите фудбалери да не загубат, или во случај на пораз истиот да биде изразен со максимум два гола разлика.

Slovakia U21 3-0 Sweden U21 | All Goals and… by sportvideostv

Англија со нова одлична партија славеше над Полска, осигурувајќи си го со седум бода првото место во групата и пласманот во полуфиналето. Фудбалерот на Лестер, Демарис Греј, го постигна својот прв гол на овој европски шампионат отворајќи го резултатот веќе во 6. минута, за потоа со голови во второто полувреме крај на сите дилеми околу победникот да стават Марфи и Бејкер.

England 3-0 Poland | All Goals and Full… by allsporttv1

Се вчитува...