Нема шега со Олденбург на Војдан – лекција за Алба среде Берлин

Екипата на Олденбург со Војдан Стојановски продолжи со извонредни игри во германскиот шампионат откако во денешното дерби на Бундес-лигата на гостински терен ја декласираше Алба со убедливи 78-94.

Охрабрени од претходните четири победи во низа, Стојановски и соиграчите одиграа извонреден натпревар на еден од најжешките терени во Германија. Како пресудна се покажа третата четвртина што Олденбург ја доби со 11-25, направи резултатски пресврт и стигна до голема победа со која се зацврсти на второто место на табелата.

Македонскиот капитен одигра 18 минути против својот поранешен клуб, период во кој реализираше четири поени (2/5 од поле), три скока и една асистенција. Најдобар поединец на натпреварот беше гостинскиот играч Камингс со 34 поени, излудувајќи ги кошаркарите на Алба, кои цел натпревар не успеаја да најдат начин да го запрат Американецот.

Се вчитува...