Нема шега со Црвена Звезда: По Недовиќ, потпиша и Хасан Мартин

Црвена Звезда продолжи со сериозни засилувања во пресрет на новата сезона, шампионот на АБА-лигата најпрвин потпиша договор со Немања Недовиќ, а од денеска нов член на „црвено-белите“ стана и Хасан Мартин.

Овој врвен центар пристигнува од редовите на Олимпијакос, потпишувајќи договор на „една плус една година“ со „црвено-белите“ од Белград. За Мартин овој трансфер претставува и камбек во АБА-лигата, откако сезоната 2019/20 ја мина во дресот на Будуќност.

Тој во претходните две сезони во дресот на Олимпијакос во Евролигата имаше просек од 7 поени и 3,7 скокови по натпревар.

Црвена Звезда од денеска и официјално остана и без својот најдобар кошаркар, Никола Калиниќ, откако Барселона ги договори сите детали од трансферот на српскиот репрезентативец.

Се вчитува...