Нема шпанско „ел класико“ во САД – Капитените им рекоа „не“ на челниците  на Ла Лига

Раководството на елитната Ла Лига сезонава планираше неколку натпревари од шпанското првенство да се одиграат во САД, но ваквите планови наидоа на остра реакција кај играчите во шпанските клубови.

Капитените на сите екипи од елитниот ранг на шпанскиот фудбал одржаа состанок во Мадрид, а претседателот на Асоцијацијата на фудбалери во Шпанија, Давид Аганзо пренесе дека играчите се бесни поради плановите на челниците на Ла Лига.

Аганзо истакна дека во септември ќе се состане со претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас за да му го пренесе ставот на играчите. Претседателот на Асоцијацијата на фудбалери во Шпанија не ја исклучи можноста играчите да стапат во штрајк доколку Ла Лига не се откаже од одигрувањето на натпревари во САД.

Не можеме да дозволиме унилатерални одлуки и непочитување на ставот на играчите за одлуки кои влијаат директно на нив. Фудбалот не е само бизнис и одлуките не може да се носат само унилатерално. Уморни сем од тоа и мора да го кажеме својот збор. Капитените се изненадени и бесни од ваквата одлука. Сите играчи се против ова, од друга страна, некои клубови се за играње натпревари во САД, други не се. Јас овде ги застапувам играчите“ – истакна Аганзо.

Се вчитува...