Нема спас од мафијата во Торино: Медведев пријавил дека му е украден часовникот од 200 илјади евра за време на финалниот меч!

Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Данил Медведев, остана без скапоцениот часовник кој му бил украден на финалниот дуел на Мастерсот во Торино. За време на финалето со Зверев, била „оперирана“ соблекувалната на Рускиот тенисер, а на мета бил часовник вреден 200 илјади евра.

Сепак, неколку часа подоцна, полицијата го пронашла часовникот, како што пренесува „Ла Стампа“, а менаџерот на турнирот му го вратил скапоценото нешто на тенисерот.

По овој инцидент, полицијата на Торино отвори истрага, бидејќи во кражбата учествувале повеќе лица.

Се вчитува...